Неколкумина тетовчани учествуваа во создавањето на песната „Вардаре“ на популарниот Лозано како и видео спотот. Тоа се авторите на музиката и текстот, братот и сестрата Лазар и Магдалена Цветковски. Потоа во видеото спотот актери се и тетовчаните Горан Глигориевски и Марко Богдановски. Во екипата на Лозано односни со јавноста работи тетовчанец-Васко Спасовски.
-По подолга пауза поради пандемијата со коронавирусот, нашата најголема машка музичка ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано конечно реши да ја објави својата најнова песна. „Вардаре“ е насловот на новата нумера, за која сме сигурни дека ќе биде само уште еден бисер во низата хитови. Режисер на видеото е Даниел Јовески, кој и овојпат направи приказна која ќе допре до секој од вас. Инаку во овој најнов проект на Лозано учествуваа и работеа повеќе од дваесет луѓе. Во блиска иднина очекувајте доста нови музички проекти, бидејќи Лозано и неговиот тим не престанаа со творење и покрај пандемијата, вели изјави Васко Спасовски.
„ВАРДАРЕ“
Знам како е да немаш, знам како е да немаш, во ладни утра, сиви чувства и само празнина без крај.
Мој Вардаре ми кажи, колку ли криеш тајни, на луѓе приказни, тајни оловни, на дно заборавени.
Мој Вардаре, кажи ми, кажи Вардаре колку ли криеш во себе, вистини некажани
Кажи ми, кажи Вардаре, те молам кажи Вардаре еј со векови, колку ли солзи криеш ти, колку ли солзи криеш ти.
Хеeеј, први бакнежи, тажни разделби. на дното ги чуваш Вардаре.
Мој Вардаре, кажи ми, кажи Вардаре колку ли криеш во себе, вистини некажани Кажи ми, кажи Вардаре, те молам кажи Вардаре еј со векови, колку ли солзи криеш ти, колку ли солзи криеш ти.
А.С