• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 2 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Тетовчанката Гордана Димитриеска Кочоска нова потпретседателка на ВМРО ДПМНЕ

31/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по седница на Централниот комитет, соопшти дека партијата добива двајца нови потпретседатели, од кои една е Гордана Димитриеска Кочоска, родена во Тетово. Гордана која е родена 1983 година, досега беше членка на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ. 

– Таа е магистер по економски науки при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Работела во Стопанска банка, во Македонски Телеком сектор за даноци, во Министерство за финасии во сектор за јавен долг како и во Управен одбор на АД Електрани на Македонија, инфомираше Мицкоски на прес-конференција по седницата на комитетот.

Гордана Димитриеска Кочоска е мажена и мајка на две деца.

-Исправена сум пред нов предизвик, кој нималку не е лесен. Но, кога станува збор за Македонија и за нашата и иднината на нашите деца, нема колебање. Истрајност, многу работа, желба за убава иднина и посветеност, тоа е она на што се обврзав. Благодарна сум на довербата која ми е укажана од страна на претседателот Мицкоски. Да се биде потпретседател на најголемата политичка партија во Македонија е пред се чест, но и обврска која ќе биде оправдана. Мој приоритет ќе биде борбата за подобар живот на македонскиот народ. Она што во овие тешки времиња ни е потребно е стабилна економија и извесна иднина. За тоа лично и целосно ќе се заложам, со сето мое досегашно искуство и знаење, порача Гордана Димитриеска Кочоска преку социјалните мрежи.

Таа беше и заменик-министер за финансии од страна на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада. 

Поврзани објави

Вести

СВР Тетово: Приведени крадци во тетовско, фатени на дело

02/12/2023
Вести

Возило удрило во мече, кое било повредено но продолжило да се движи

01/12/2023
Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Следна објава

Скоро 16 илјади граѓани ја изгубиле работата во Македонија поради пандемијата

Tetovo, MK
сабота, декември 2, 2023
scattered clouds
14 ° c
50%
9.78mh
30%
14 c 2 c
нед
6 c 1 c
пон
7 c 3 c
вто
7 c 6 c
сре

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!