• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Тетовчанка од Блок 70 : Детето го бањам во 5 часот кога срце му спие

09/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дел од жителите на Тетово двата дена од викендот ги поминаа без вода за пиење, иако се воведени рестрикции во ноќните часови со цел да количините во текот на денот порамномерно да бидат распоредени.

Иако вчера беа најавени рестрикциите, вода во дел од градот според жителите нема неколку дена. Преку социјалните мрежи жителите на Тетово ги опишуваат најекстремните случаи, како во станбениот Блок 70, каде според нивните образложувања 22 часа на ден неколку дена наназад се без вода за пиење.

-Господине градоначалник, убава идеја Ви беше кога одевте до вратата на Вашите гласачи за да ги слушнете нивните проблеми. Вие лично, пред мене и моето дете го баравте мојот глас споменувајќи ја прво водата. Трагично Ви беше дека сте гледале како Вашите сограѓани полнат шишиња низ градот и носат дома… Ќе сте го сменеле тоа! Три месеци сте татко на градот. Нас уште ни е трагично ова со шишињава. И знаете колку часа реално трае Вашата најавена петчасовна рестрикција-22 часа ! Четврти ден по ред. Дали е фер да им го скратуваме сонот на нашите деца за да ги избањаме во 5 наутро? Да ги бањаме спиејќи! Вашето работење во меѓувреме е постојана кампања за следните избори. Решете ја макава на својот народ што поскоро. Лесно е да не воодушевите после толку лошо раководство изминатите години, пишува револтирана жителка на Блок 70 во Тетово.

Градоначалникот Биљал Касами се огласи преку социјалните мрежи и потенцира дека со најновото соопштение, не сака да биде изземен од обврските и одговорностите што ги презеле на изборите, а објавата да послужи како информација за реалната состојба во која се наоѓа Тетово.

-Постојано се соочуваме со последователни дефекти, исто така изразувајќи благодарност и до вработените во Општинското јавно претпријатие кои постојано се во највисоките места во Шар Планина, и даваат се од себе, со малкуте услови што ги имаат. Во текот на овие денови, санирајќи еден многу тежок проблем, денеска се соочуваме со уште еден друг дефект, на една од точките на водоводната мрежа. Во околностите во кои постојано се наоѓаме, ве молам за разбирање и трпение и во овие 2 месеци да се трудиме и заедно да ги надминеме овие проблеми. И покрај тоа што сакам да ве уверам дека во текот на пролетната сезона и ублажувањето на климатските услови ќе започнеме и со целосно санирање на водоводната мрежа и овој проблем еднаш засекогаш ќе се реши, напиша Билал Касами.

Вчера беа воведени рестрикции од полноќ до пет часот, со оглед дека во водоводната мрежа има само 160 литри вода во секунда.

ас 

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

ЈКП Тетово : Непристапниот терен причина денес да не може да се работи на санирање на дефектот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.