• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Теута Арифи бара три недели онлајн настава, па потоа физичко присуство во училиштата

26/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Градоначалничка Теута Арифи бара во тетовскиот регион првите три недели од новата учебна година да бидат онлајн, а потоа учениците да почнат да одат во училиштата. Причината е поради високите бројки на заболени од Ковид, а барањето е испратено до Кризниот штаб на Владата, Министерството за образование и Комисијата за заразни болести, чија одлука се очекува утре. Барањето се однесува за сите нивоа, од основно образование до универзитетската настава. 

-Претставници од Клиничка болница велат дека освен што има болни од Ковид лица над 18 години исто така веќе има и точки низ регионот каде што има и заболени деца. Така ние веќе го имаме пикот и сметаме дека во овие три недели децата треба да бидат надвор од тие движења и да стопираме можни инфекции. После три недели да се вратат со физичко присуство. Бараме и другите оштини да не поддржат, бројките зборуваат дека тука сме сите, изјави Теута Арифи по денешната средба на општинскиот кризен штаб.

Таа порача дека како општина ќе бараат сите вработени во образовните установи да се вакцинираат или да се тестираат на секои три дена .

-Ние како штаб за Тетово ќе ги конторлираме дали имаат барем една доза вакцина вработените. Тие што не се вакцинирани во училишта ќе бидат обврзани секои 72 часа да донесат доказ за негативен тест и да продолжат да работат. Мислам дека мора да повикуваме на вакцинација и малку да наложиме. Ние како локални авторитети ние ќе го спровеме, поради здравје на сите.  Свесни сме дека некој поради здравствени причини не може да прими вакцина, ама тоа може да се аргументира пред училиштето.Како што се прави тестирање за шетање така и за школо ќе се прави, изјави Арифи.

Според Теута Арифи во тетовскиот регион воведување карантин не е опција туку масовната вакцинација како начин за надминување на пандемијата.

ас

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

Поранешниот Дом АРМ од утре ќе биде вакцинален пункт во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.