• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Теута Арифи : Вакцинацијата против Ковид-19 сега нуди излез од оваа фаза на пандемијата

05/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалничката на Тетово и кандидатка за нов мандат Теута Арифи денес посети еден од пунктовите за вакцинација со цел да упати апел до граѓаните да ја прифатат имунизацијата како единствен начин за спас од пандемијата со Ковид-19. Таа беше во објектот на управната зграда на Музејот на тетовски крај, што е еден од двата вакцинални пунктови во моментот.

-Вакцинацијата против Ковид-19 сега нуди излез од оваа фаза на пандемијата. Без вакцината, многу научници веруваат дека природниот колективен  имунитет  не би бил доволен за да го врати општеството во нормална состојба и дека тоа ќе резултира со поголеми фатални жртви. Ова го објавија многу здравствени организации, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација.  Во сценарио каде што би живееле во свет без вакцини, рестриктивните мерки ќе треба да останат меѓу нас долго време, изјави Теута Арифи.

Таа посочи дека во теко на оваа година и половина во која се соочувава светот со предизвикот на пандемијата како и остатокот од светот, општината покажа дека има капацитет за справување.

-Отворивме вкупно 4 центри за вакцинација во градот и во селата, за да можат сите граѓани да се вакцинираат без да чекаат во долги редици. Како резултат на овие позитивни политики, успеавме да го зголемиме бројот на вакцинирани во општина Тетово во последните 2 месеци. Во Тетово со првата доза вакцина против ковид -19 беа вакцинирани вкупно 42,4% од населението, на возраст над 12год. 49,7%, а над 18 години 54,3%.  Со втората доза, 38,6% од населението беше имунизирано, од кои 45,2%  на 12 годишна возраст и 49,4%  на 18 годишна возраст, рече Теута Арифи.

Градоначалничката Арифи го повтори апелот до граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, бидејќи вакцинацијата е единствениот начин за зашита од Ковид-19.

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

Притвор за 69 годишник осомничен за полов напад врз дете

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.