• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Теута Арифи : Водоводот сега има проблем од помали размери

17/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Повторното оштетување на цевковод на водоводната мрежа поради лизгање на земјиште на Шар Планина е со помали размери од февруари, истакна денес градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на средба со новинарите откако вчера се оштети водоснабдителниот систем и се воведоа повторни рестрикции во водоснабдувањето .  Таа очекува поскоро надминување на проблемот.

-Информирани сме од страна на ЈКП дека откако имаме повеќе низа на земјотреси недалеку од целиот наш регион еден дел или предел на Шар Планина каде има повеќе свлечишта. Еден таков продрел и до место каде што е цевководот. Овој пат проблемите кои се направени се од помали размери. Очекуваме дека доколку има климатски услови бидејќи се работи за тежок терен да се завршат работите, рече Теута Арифи.

На новинарско прашање дали поради зачестените проблеми на новиот водоснабдителен систем ќе се испита неговата градба Арифи рече дека надзорниот борд ги има сите одговори.

-Кога било работено имало надзорен борд кој првел надзор и кој е одговорен. Ние имаме побарано од нив да дадат одговори на повеќе прашања кои ги очекуваме. Исто така се до  пред еден месец ние не сме имале некои сличен проблем и одговорите кои ги добиваме од страна на тие кои работат на теренот е дека се работи фактички поради нестабилност на земјата месец и половина наназад, истакна Арифи.

Од вчера поради оштетување на водоводна цевка во месноста Лешница со големина фи-500 Тетово изгуби доток од 150 литри вода во секунда. За ублажување на оваа ситуација, јавното комунално претријатие Тетово ги пушти и активира и четирите бунари во градот, но воведе рестрикции во три периоди во текот на 24 часа со вкупно траење од 11 часа и 30 минути.

А.С

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Во април се очекува проектот за изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води за Тетово 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!