• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Теута Арифи : За рурален развој проекти за одржлив туризам во шарпланиските села

03/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската градоначалничка Теута Арифи која е кандидатка од редовите на ДУИ за нов мандат денес пред граѓаните го презентираше пред граѓаните делот од програмата кој што се однесува за руралниот развој. Таа го потенцира дека во досегашниот мандат се работеше на патишта, канализациони системи, заштита од поплави и свлечишта, реновирање училишта и водоснабдување, додека за иднината се подготуваат проекти за зелена инфраструктура за подобар живот и за одржлив туризам.

-Со националниот парк Шар Планина го остваривме деценискиот сонот – создадовме подлога да ја заштитиме и нашата традиција и традицијата на нашето село во иднина. Одржливиот туризам ќе создаде нови работни места, подобри приходи и нови можности не само во градот, туку и во селата. Додека ги модернизираме селата без да го оштетиме нивниот уникатен карактер, ќе инвестираме во модерна инфраструктура, туристички капацитети и реновирање.  Со субвенциите за туристичко сместување ќе им помогнеме на селаните да ги основаат своите туристички бизниси преку создавање на зашитени производи од органските плодови на Шар Планина, а преку специјална програма за земјоделците ќе го промовираме земјоделството. Со стручни курсеви организирани во селата ќе обезбедиме формално образование во селата со цел да ги обучиме менаџери за туризам, да создадеме туристички водичи и да создадеме други нови работни места, изјави Теута Арифи.

Таа најави дека ќе се работи и на процесот на подобрување на јавните услуги во областите надвор од градот.

-Ќе го поврземе градот со селата преку модерни јавни автобуски линии. Ќе изградиме пунктови за јавни услуги и туристички канцеларии во селата, така што граѓаните ќе ги добиваат сите јавни услуги блиски до местото каде што живеат. Преку неделни часови на презентација на градоначалникот во секое село, ќе воспоставиме директен контакт меѓу граѓаните, лично со градоначалникот, изјави Арифи.

Во иднина во селата кои се дел од тетовската општина се најавува продолжување на патот кон месноста Бањиче, маркирање на планинарски патеки, изградба на авантуристички парк, конкретни мерки за селата во соработка со Националниот парк Шар Планина и целосна реконструкција на патот од Колтук до село Вејце.

ас

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Централната граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата во Јегуновце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.