• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Теута Арифи : Маски на лице задолжително само во затворени простории, работодавците да обезбедат превоз за вработените, превоз на патници нема да има

Општина Боговиње сега има најмногу 24 заболени со Ковид-19 (од кои починати 1)во тетовкиот регион, соопшти Кризниот штаба на општина Тетово по денешниот осми состанок. Тетово има 21 со двајца починати, општина Теарце, ипштина Брвеница 4 (починат1), општина Јегуновце 4 и општина Желино двајца.  

21/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалничката Теута Арифи на средба со новинарите по завршување на осмиот состанок на Кризниот штаб ги објасни новите мерки кои по нивно барање ќе се спроведуваат во тетовскиот регион. Таа објасни дека маските нема да бидат задолжителни за употреба на отворено туку само во затворени простории.

-Побаравме од Владата да прецизира дека маските мора да се носат само во затворени простории како маркети, банки и институции.  Ова е потребно според искуствата од другите градови бидејќи затворените простории се најопасни. Мерката има буџетско оптоварување и затоа е потребно да има само за затворени простории, рече Арифи.

Од друга страна превоз на патници нема да биде дозволен, а работодавачите треба да најдат соодветни решенија за вработените.

-Најголем број на заболени со коронавирус се резултат на комуникацијата и недржењето социјална дистанца. Мерката да нема организиран превоз на патници е во насока намалување на можноста за ширење на вирусот со оглед дека во автобуси и комбиња има стеснет простор за повеќе луѓе. Од полицијата денес им е укажано на операторите дека оваа мерка стрикно ќе се реализира.  Полиција, болница и други институции го имаат решено ова прашање, а имаме информации дека веќе сопствен превоз имаат и поголемите компании за своите работници, рече Арифи.

Според Арифи важно е во наредниот период да има помал полициски час за да се избегнат гужвите пред маркетите и институциите.

-Кризниот штаб исто така побара од Владата да полицискиот час на почетокот на светиот месец Рамазан да започне од 19 часот, со цел граѓаните да имаат повеќе време да ги реализираат своите дневни обврски, со што ќе се избегнат собирите и редиците пред маркетите и продавниците, рече градоначалничката.

Претствници на СВР Тетово информирале дека во изолација со одлука на Државен здравствен и санитарен иснпектора во општина Тетово има вкупно 204 лица, додека во државен карантин на Попова Шапка има 62 лица.

Општина Боговиње сега има најмногу 24 заболени со Ковид-19 (од кои починати 1)во тетовкиот регион, соопшти Кризниот штаба на општина Тетово по денешниот осми состанок. Тетово има 21 со двајца починати, општина Теарце, ипштина Брвеница 4 (починат1), општина Јегуновце 4 и општина Желино двајца.

А.С

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

(ВИДЕО) Ден на планетата Земја 22 април

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.