• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Теута Арифи на трибина за еднакви права и можности за жените-лидерските позиции да бидат 50:50

07/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат Теута Арифи вечерва учествуваше на трибината насловена „Еднаквост: Еднакви права, за еднакви можности“. Таа потенцираше дека со тоа што Тетово е меѓу првите градови во Северна Македонија што има жена градоначалник е направено достигнување за родова еднаквост.

-Ова е достигнување со кое можеме да се гордееме и е референтна точка за родова еднаквост и за модерно општество во нашата земја. Нашата цел е да го зголемиме односот на лидерските позиции на 50:50 во следните четири години. Со изградба на дневни установи низ градот, ние веќе успешно ги поддржавме жените да го комбинираат семејството со професијата. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа успешно и ќе нудиме се повеќе флексибилни можности, истакна Теута Арифи.

Таа посочи дека во иднина ќе се обиде на локално ниво да ги зголеми можностите за нови работени места кај жените

-За да ја зголемиме стапката на вработеност на жените во руралните области, ќе обезбедиме специјални програми за обука и образование за да обезбедиме можности за кариера во јавниот и приватниот сектор.Заедно со нашите училишта, универзитети и економија, ќе создадеме специјална програма за мотивирање на младите девојки и жени за техничко образование и кариера, потенцираше Арифи.

Таа истакна и дека важни се напорите за заштита на жените од семејно насилство, а како инструменти за кои се планира ги посочи анонимна телефонска линија за помош и изградба на безбедна куќа за жените во Тетово.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Билал Касами од центарот на Тетово: Ќе формираме канцеларија која ќе поддржува нови бизниси

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.