Кандидатката на ДУИ за градоначалник на Тетово, Теута Арифи на прес-конференција во партиското седиште истакна дека според досега пребројаните гласови нејзината досегашна функција ќе ја добие противкандидатот од Движење Беса, Биљал Касами.
-Според броењето на резултатити противкандаитот има повеќе гласови и општина Тетово ќе биде водена од мојот против кандидат. Сакам да му честитам на победат и посакувам успешна работа, имајќи го во предвид фактот дека Тетово е град со многу предизици. Сакам да им се заблагодарам на сите тие граѓани кои ме поддржаа и кои застанаа зад концептот што го претставувам јас. Останувам на мислењето дека тој концепт останува прогресивен и времето ќе покаже дека прогресивноста била секогаш на нашата страна, истакна Теута Арифи.