• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Теута Арифи претстави работен план за проекти во првите 100 дена од раководење со општината

12/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат Теута Арифи на прес-конференција ги истакна проектите кои планира да ги сработи во првите 100 дена доколку повторно ја добие довербата за водење на Општина Тетово.  

Таа го образложи работниот план за првите 100 дена од раководење со локалната самоуправа, оценувајќи дека станува збор за реални, остварливи проекти, кои влијаат на повеќе сфери од секојдневниот живот на граѓанинот.

-Ветуваме дека во првите 100 дена со раководење со општина Тетово, ќе постигнеме игралишта за деца на неколку локации низ градот, отворање на првиот дел од булеварот  Благоја Тоска кон текстилното училиште, регулирање на шеталиштето на река Пена, реконструкција на улиците Никола Тесла и Мирче Ацев, предлог за намалување на даноците за градба за сите оние што ќе поднесат барање за зелени покриви, поставување полу-подземни контејнери на 31 локација низ градот, реконструкција и осветлување на патот во село Сараќино, рече таа за инфраструктурните проекти.

Според Теута Арифи ќе се работи и на развој на општинските институции и установи.

-Снабдување на училишта со инвертори на училиштата, поделба на ЈКП на две дирекции, што ќе овозможи поефикасно управување и подобри услуги за граѓаните, изградба на градинка во близина на основното училиште Кирил и Методиј,мултифункционален спортски центар, зајакнување на локалниот младински совет преку организација на активности за млади,дигитализација на општинските услуги,поддршка за ученици со пречки во развојот – преку

Градоначалничката рече дека секои две недели ќе има „Отворена врата – средби со градоначалникот“, а за проектите средства ќе бара со апликации до меѓународни и владини фондови.

 

 

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава
бензин горива нафта

Големо зголемување на цените на нафтените деривати

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.