• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Теута Арифи : Природна непогода ја оштети цевката, благодарност за работниците на ЈКП

04/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската градоначалничка Теута Арифи на профил на социјалната мрежа Фејсбук објави став по однос на двонеделениот проблем со недостиг на вода за пиење и замената на уништениот 60 метарски цевковод од новиот водоснабдителен систем. Таа потенцира дека станува збор за природна непогода и дека тоа одвај го чекале некои луѓе за ново критикување.

-Потребно беше само природна непогода да се оштети главната цевка на новиот водовод во градот и да биде доволно за да се отворат злите усти на оние кои едвај чекаат на тоа и да почнат да фрлаат со дрва и камења кон чесните луѓе кои работеа дaвајќи се од себе. Бескрајна благодарност до овие луѓе кои работеа со денови во исклучително тешки услови за да обезбедат вода за сите нас.  Оние што со години го оставија Тетово без вода и кои до ден денес живеат со таа нечиста совест, ваквите празни муабет нема да им ја исчистат истата. Ова им го должиме на обичните граѓани, се разбира, дури и повеќе од тоа, се вели во објавата на Теута Арифи.

Вработените во тетовскиот водовод  завршија со поставувањето на новиот цевковод од 60 метри во мрежата на новиот водоснабдителен систем со што се очекува од денес да почне нормализирање на снабдувањето со вода во Тетово. Денес е деветтиот ден како во градот има недостиг на вода и рестрикции откако

На 23 февруари беше утврдено уништување на 60 метри од цевкодовот од новиот водоснабдителен систем поради ерозија на земјиште во планинската месност Лешница. По девет дена вчера завршии поставувањето на нов цевковод со големина од фи-500 по што беа пуштени првите 50 литри како доток на вода од новиот водоснабдителен систем.  Постепено треба да се пушта и повеќе вода во системот и да се укинат рестрикциите кои беа воведени минатата недела.

А.С

 

 

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава
МВР

МВР: Внимавајте на „Тик-Ток“, Интерпол евидентира повици за самоповредување кај малолетници

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
83%
2.01mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!