Седум годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна незгода во Тетово попладнево ооколу 17 часот, откако во неа удрило возило. Поради повредите по укажаната помош во тетовската клиничка болница е однесено на скопските клиники.
-Во СВР Тетово е пријавено сообраќајна несреќа на улицата „Јане Сандански“ во која патничко возило форд фокус со скопски регистерски таблици управувано од женско лице на 34 години од Тетово удрило во малолетно девојче-пешак. Повреденото девојче е однесено во тетовската болница за укажување на лекарска помош, информираа Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.
А.С