• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ТИРЗ Тетово ќе создава елекктрична енергија преку фотонапонска централа

09/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Следен предизвик за Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово и Владата ќе биде создавање на таканаречена Зелена Зона со дополнителни инвестиции во капацитети за создавање на електрична енергија од обновливи извори.  Според министерот за економија Крешник Бектеши ова е доказ дека јавното приватно партнерство на Владата со компанијата Нормак Груп за ТИРЗ Тетово е успешно на повеќе нивоа.

-Сакам да ја известам јавноста дека веќе при крај сме со менаџментот на ТИРЗ Тетово да стане прва зелена зона во ниво на државата и регионот каде ќе почнат дополнителни ивнестици за капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, за компании во зоната но и за потреби на други компании. Ова ќе покаже дека јавно-приватно партнерство веќе дава очекувани резултати и може да се користи во другите ТИРЗ региони во градовите низ државата, истакна Крешник Бектеши.

Според министерот Владата согласно последните измени и дополнувања на Законот за енергетика ќе создава услови за да може што поголеми инвестиции да се направат во делот на обновливите извори.

-Во овој случај тоа е за фотонапонските централи. Ние имаме различни механизми како држава, како што е премиум тарифата во зависност од планот што ќе се достави, а најверојатно е доставен, а јас сум бил на пат, ќе биде разгледан од страна на службите во Министерството за економија. Инвестицијата ќе се направи од страна на приватниот инвеститор, во овој случај од страна на операторот на зоната во Тетово, а ние за да ги поттикнеме, за да ги стимулираме сите наши домашни и странски компании да инвестираат во обновливи извори секако дека ќе излеземе во пресрет со механизмите кои се постоечки, рече Бектеши.

Тој информираше дека воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба и оперирање со дистрибутивната мрежа на природен гас државата веќе е во последната фаза каде што се преговараат и економските и финансиските услови кои се понудени од страна на двете компании. Според него формирана е комисија во склоп на Владата и се очекува некаде во средината на оваа година да има и договор со една од заинтересираните страни.

 ас

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Се одбележаа 60 години постоење на Архивот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.