• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Инфо компас

Трибека Хидро : Владата дава поддршка за изградба на хидроцентрала на Вратничка река, а основата е во еколошката оправданост

18/11/2019
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Kомпанијата Трибека Хидро инвеститор на мала хидроцентрала на Вратничка река по повод соопштението до јавноста испратено од месната заедница од Вратница на 15 ноември испрати допис во кој потенцираат дека ги имаат сите потребни документи за работа издадени од Владата и соодветени министерства како и дека постои поддршка од извршната власт за ваквиот вид проект.

-Владата на Република Северна Македонија со одобрувањето и издавањето на сите потребни документи потврдува дека има оправданост во изградбата на хидроцентрала на Вратничка река. Воедно сите документи и дозволи се доказ дека сите работи кои ќе бидат извршени и спроведени ги имаат во предвид зачувување на животната средина. Ја потенцираме и изјавата на премиерот Заев која претставува поддршка на градбите на малите хидроцентрали ако се со еколошко обезбедливи ресуриси.

Повторуваме дека ги имаме сите документи кои ги бара државата меѓу кои и еколошки елаборати за да се прикаже еколошка оправданост на инвестицијата. Со малата хидроцентрала нема негативно влијание врз водата од Вратничка река со оглед дека водата не исчезнува, туку само се користи да ги придвижи турбините и потоа да продолжи со текот согласно гравитацијата.  Со еколошкиот елаборат е превдидено да не се загрозува минималниот биолошки проток на реката. За разлика од друг вид централи производството на струја со вода не загадува околината ниту пак користи друг вид материјал за работа. Водата не може да се изгуби ниту да се загади како резултат на процесот на производство на електрична енергија.  Воедно хидроцентрала не генерира друг вид материја која ја загадува животната средина-се создава чист извор на енергија и не се создава отпад, наведуваат од Трибека Хидро.

– Малите хидроцентрали значат можност да се прозиведува струја, а не да се увезува електрична енергија.  Струјата добиена од хидроцентралите претставуваат поеколошки добиена електрична енергија од онаа добиена од јаглен. Аерозагадувањето ќе се намали ако се создава струја од хидроелектрани, ветерници и соларни компоненти. Вака произведена струја придонесува  за одржливиот развој и овозможува децентрализирано производство на електрична енергија. Воедно претставува можност да се вработуваат луѓето од локалната средина, односно селото Вратница, истакнуваат од Трибека Хидро.

 

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

На подрачјето на Општина Брвеница ќе се врши дезинсекција против комарци

22/06/2022
Вести

Во недела во црквата Свети Спас во Долно Палчиште ќе има црковно-народен собир по повод прва недела од Петровденските пости

21/06/2022
Вести

Изложба „Кохезија“ од утре во Уметничка Галерија Тетово

20/06/2022
Следна објава

Две пријави за физички напади поради претходни лични недоразбирања

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.