• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Инфо компас

Трибека Хидро : Изградбата на хидроцентрала на Вратничка река има еколошка оправданост

По повод известувањето на Тетово инфо на 4 ноември за одржан состанок на жителите на Вратница, Старо Село и Орашје со претставници на институците и инвеститорот на мала хидроцентрала на Вратничка Река добивме став и од компанијата Трибека Хидро, инвеститор и засегната страна спомената во објавата.

14/11/2019
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По повод известувањето на Тетово инфо на 4 ноември за одржан состанок на жителите на Вратница, Старо Село и Орашје со претставници на институците и инвеститорот на мала хидроцентрала на Вратничка Река добивме став и од компанијата Трибека Хидро, инвеститор и засегната страна спомената во објавата. Од таму потенцираат дека за градбата на хидроцентралата ги имаат сите документи кои ги бара државата меѓу кои и еколошки елаборати за да се прикаже еколошка оправданост на инвестицијата.

-Со малата хидроцентрала нема негативно влијание врз водата од Вратничка река со оглед дека водата не исчезнува, туку само се користи да ги придвижи турбините и потоа да продолжи со текот согласно гравитацијата.  Со еколошкиот елаборат е превдидено да не се загрозува минималниот биолошки проток на реката. За разлика од друг вид централи производството на струја со вода не загадува околината ниту пак користи друг вид материјал за работа. Водата не може да се изгуби ниту да се загади како резултат на процесот на производство на електрична енергија.  Воедно хидроцентрала не генерира друг вид материја која ја загадува животната средина-се создава чист извор на енергија и не се создава отпад, наведуваат од Трибека Хидро.

Од компанијата потенцираат и дека овој концепт на создавање на електрична енергија дава придонес за подобра животна средина согласно стандарди на Европската унија.

– Малите хидроцентрали значат можност да се прозиведува струја, а не да се увезува електрична енергија.  Струјата добиена од хидроцентралите претставуваат поеколошки добиена електрична енергија од онаа добиена од јаглен. Аерозагадувањето ќе се намали ако се создава струја од хидроелектрани, ветерници и соларни компоненти. Вака произведена струја придонесува  за одржливиот развој и овозможува децентрализирано производство на електрична енергија. Воедно претставува можност да се вработуваат луѓето од локалната средина, односно селото Вратница, истакнуваат од Трибека Хидро.

Од компанијата посочуваат дека согласно законските процедури доколку се појави потреба за сечење на дрвја при изградбата на објектот за малата хидроцентрала, ќе ја почитуваат обврската да посадат двојно повеќе дрвја. Исто така информираат дека би требало да почнат со градежните работи согласно одобрението и добиените насоки од страна на Владата.

Тагови: инвеститоркомпанијатрибека хидро

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Од утре треба да се носи зимска опрема за возилата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.