• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 16 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Трибината за ракот на дојка, лекарите со апел за редовни контроли со цел рано откривање и излекување од оваа болест

29/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Тетово денес организираше трибина на тема: „Рак на дојка – месец на подигање на свеста“.  На трибината учествуваа специјалисти од областа на медицината и претставници од граѓанското општество.

 – Тоа е многу често заболување, едно од најчестите заболувања на карциноми кај жените, една од осум жени се разболува со карцином на дојка. За нас е битно рано дијагностицирање, а понатаму исклучување на сите можни стеги и предрасуди околу оваа болест, редовните контроли и дијагностиката. Мислам дека како општество го даваме максимумот во дијагностиката и третманот на оваа болест за општото здравје јавно и здравјето на жената кое што е во најчести случаи во репродуктивен период но секако и во постара доба, истакна д-р Неџати Јакупи, специјалист по по торакална хирургија.

Тој на трибината посочи дека за оваа болест можно е целосно излекување.

-Раното откривање на болеста може да доведе до комплетно излекување на карциномот на дојката со комбиниран хируршки и онколошки третман, секако дека како и сите други болести раното јавување кај матичен доктор и спроведување на сите дијагностички мерки придонесуваат кон раното дијагостицирање . Меѓутоа свеста, информираноста треба да надвладее дека карциномот на дојката е болест која се излекува во ран стадиум на откривање, истакна д-р Јакупи.

Октомври се смета за месец на подигање на свеста  во борбата против ракот на дојка.

ас

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Повреден пешак 18 годишна девојка во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.