• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Трибина „Шчо напраифме“по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во организација на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово вечерва се одржа трибина насловена „Шчо напраифме“по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

21/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во организација на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово вечерва се одржа трибина насловена „Шчо напраифме“по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. За историскиот развиток на македонски јазик пред присутните се обрати професорката по македонски јазик Ружа Ѓорѓеска.

-Македонскиот јазик е нашата татковина бидејќи од дамнина кога  не постоела македонската држава она што нас не обединувало и што сме опстојувале низ вековите е токму јазикот. Тоа е нашето национално обележје. И мојата порака е секој пат да си го чуваме јазикот бидејќи само така ќе го зачуваме сопствениот идентитет. Многи  културни дејци ни оставиле богатство во однос на јазикот и го прославиле низ целиот свет, истакна Ружа Ѓорѓеска.

Предавање од научен аспект за разликите на македонскиот и бугарскиот јазик, одржа доцент д-р Михајло Марковиќ од Универзитетот во Тетово.

-Клучни разлики кои ги имаме е носовктаа „он“ назален вокал кој се користел во старословенскиот период. Со старословенската азбука има два назални вокали, тоа се „он“ и „ен“ и темни гласови кои што нарекуваат ерови. Тоа се мал ер и голем ер. Во македонскиот и бугарски јазик двата гласови/знаци преминуваат во различни гласови односно се развиваат различно. Главна особеност е развојот на носовката он, која во бугарскиот јазик се заменува со темен глас однос со големиот ер па имам п’т, р’ка. Во македонскиот современ јазик то гласи пат, рака, маж и така натаму.  Носовка „ен“ која исто е назален вокал исто така е клучна што во македонскиот јазик редовно се заменува со „е“.  Имаме големи разлики, лексиката е различна, нивната е под силно руско влиајние. Исто така има разлика во предлози, честици, сврзници. Пример кај предлозите с’с во бугарски јазик и со во македонскиот јазик, истакна Марковиќ.

Во светот постоја 6500 говорни јазици од кои 90 се веќе изумрени.

А.С

 

Тагови: македонски јазиктрибина

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Одржана инфо сесија за мерката 113 – млад земјоделец

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.