На 24.09.2020 во 21.30 часот на ул.„Радован Цониќ“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.И.(30) од с.Голема Речица, тетовско, поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.