Во рамки на седум часовната акција за крводарување вчера во Тетово се собрани 30 нови единици крв, инфомираат од Општинска организација на Црвен крст Тетово.
-Акцијата се организираше со помош на стручни тимови од Центар за трансфузиона медицина Тетово во просториите на Служба за трансфузија Тетово во периодот од 09:00 до 16:00 часот.При тоа се собрани 30 единици крв, изјави Шкљќим Мурати, секретар на организацијата.
Претходно во петокот седум крводарители се одзвале на акцијата во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, а еден крводатител во текстилното училиште.
ас