Денес започнаа работите за реконструкција на патниот правец Шипковица-Бродец што претставува крак од регионалниот пат Тетово – Попова Шапка. Асфалтирање на патот е во рамките на програмата на Јавното претријатие за државни патишта (ЈПДП)
-Санацијата на овој пат е по долгогодишно барање и потреба на жителите на Шипковица и на останатите планински села во тој дел на општината , додека општина Тетово интервенираше за неколку општински работи, како што е поплочување на патот до училиштето од 600 метри квадаратни, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Триесет милиони денари е висината на инвестицијата дел од програмата на јавното претријатие.
-Ние како ЈПДП имаме амбициозна програма покрај нови патишта предвидени се 700 милиони денари во соработка со Македонија пат за рехабилитација на неколки регионални патишта. Почнавме со Тетово-Брвеница, до клучката како и излезот кон Гостивар. Во процедура е проектирање на реконструкција на регионалниот пат Тетово -Јажинце каде првите 4,2 километри ќе се реконструираат целосно. Се прави и избор на проектант за обиколница нба Тетово од клучка Требош до Непроштено, изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈПДП.
Градежните работи ги изведува тетовската секција на јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта Македонија пат.
-Станува збор за целосна надградба односно поставување на асфалт во вкупна должина од 3400 метри. Од тие 2400 метри се до Шипковица, додека 1000 метри до Бродец, информираше Дејан Јовановски од тетовската секција на Македонија пат.
Поради реконструкцијата на патот ќе има времен режим на движење на возила секој работен ден од 9:30 часот до 16 часот.