• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Три дена жалост во Тетово

09/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи три дена жалост во градот, од 9 до 11 септември. Советниците им оддадоа почит со минута молчење на сите кои ги загубија животите во пожарот што вчера избувна во тетовската модуларна болница. 

-Изразувам најдлабоко сочувство до сите семејства имајќи во предвид дека во оваа трагедија сите изгубивме браќа, сестри, комшии, сограѓани. Така што, како што сте веќе информирани се одржа седница на Советот. Објавени се три дена жалост и исто така додека ќе добиеме официјалните информации од надлежните институции ќе информираме.  По состанокот кој беше одржан со присуство на сите институции синоќа се договоривме сите информации да бидат точни и проверени. Јас сум во постојан контакт сум со сите институции кои треба да ја завршат својата работа. Во секој момент кога ќе добијам потврдени и официјални информации истите ќе ги споделам со вас, изјави градоначалничката Теута Арифи. 

За луѓето кои се преживеани во пожарот Арифи рече дека се во добра состојба но нема бројка за колку лица станува збор.

-Во мометов тие се во стабилна состојба. Во меѓувреме ќе одржам повторно состанок на кој дополнително ќе бидеме информирани, рече таа.

На новинарско прашање дали било се во ред при технички прием на модуларната болница и дали пожарот се поврзува со обидот за сечење на цевки за кислород, градоначалничката немаше информации.  

Значи, тоа е едно прашање кое има своја логика, но во оваа фаза не треба д се шпекулира. Имајќи ја предвид тежината ситуација сите ние треба да се пазиме од информации кои би ја отежнале состојбата. Институциите целосно длабински треба да го разрешат случајот и нормално да ги најдат  причини зошто е дојдено до ова., изјави Теута Арифи.

Таа рече многу луѓе се јавиле да понудат помош и изрази благодарност до сите пријатели во за тоа.

ас

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

Претседателот Пендаровски : Засега нема индиции дека пожарот е подметнат, ќе се бара и странска експертиза

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.