Со најновите три смртни случаи, бројот на починати од Ковид-19 во тетовскиот регион надмина 100 лица поточно 101 човек го изгубил го животот поради компликации од коронавирусот. Трите починати лица се на 60, 70 и 77 години.
Според информациите на Министерството за здравство има 10 нови заболени, а 8 оздравени. Сега активно болни има 406 лица, додека вкупно дијагностицирани се 1932 лица. По бројот на активни случаи Тетово е на трето место во Македонија, по Скопје со 3490 и Струмица со 424.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти.
Починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78г), еден од Куманово (68г), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77г), двајца од Струга (73 и 75г), еден од Велес (58г), еден од Охрид (69г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (71г), еден пациент од Гевгелија (76г) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317.