• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Три пати повеќе барања за вакцина од сезонски грип, ограничени термините за закажување

Термините за закажување се ограничени во насока на заштита на населението од ширење на Ковид,а во градот има две места за ваква имунизација.

09/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Огромен интерес за вакцина од сезонски грип и среде декември се бележи во Тетово, а списоците кај матичните лекари се најмалку по три пати зголемени во споредба со минатите години, вели д-р Светлана Трифуновска, координатор на тетовските матични лекари при Здружението на приватни матични лекари. На денешната средба со новинарите таа образложи дека термините за закажување се ограничени во насока на заштита на населението од ширење на Ковид,а во градот има две места за ваква имунизација.

-Многу од пациентите сакаат вакцина овие се бесплатни. Има голема потреба пациенти да бидат имунизирани, како хроничните болни. Тројно е зголемена побарувачка за имунизација за сезонски грип. Има огромен список на пациенти кои сакаат вакцина, од друга страна поради заштита од Ковид се намалија термините. Има 10 до 15 термини на дневна основа со тоа што сега профункционира два тима. Едниот е Здравствен дом, а другиот во објектот Монопол и не може да има повеќе од 30. Пет дена во неделата се закажува. Термините исчезнуваат во секунда, замислете коллку многу матични лекари има и колку многу пациенти, изјави д-р Труфуновска.

Од друга страна според неа побарувачката е добар показател дека населението се уште верува дека вакцината е најдобриот начин за спречување на сезонскиот грип и другите слични болести.

-Презадоволна сум што порасна интересот за имунизација, затоа што сфатија луѓето дека единствена заштита од ваквите грипови се вакцините. Само потенцирам дека не смееше да се дозволи оваа година обврската за имунизација да се даде на матичните лекари. Нас не ние е тешко, но целата приказна е тоа што имаме ковид пациенти, а ваму на телефон прашуваат по 3-4 пати за имунизација.  Се случува луѓе кои имаат навистина потреба од помош, му расте температура и има проблеми со дишење да чека на телефон. Нерационално потрошено време на матични лекари во состојба со ковид. На сите фронтови работиме.Оваа обврска треба се тргне, објаснува тетовската докторка.

Доктор Трифуновска потенцира дека матичните лекари во регионот како и во сите други градови деноноќно работат во вонредни услови поради пандемијата и не е во нивна надлежност справувањето со термитените.

-Тешко се доаѓа до термин и не треба да ги обвинува некој матичните доктори затоа што термини многу малце навистина исчезнуваат занеколку секунди и минути. Се надевам дека ќе има повеќе. Се надевавме дека ќе има комерцијални вакцини да си ги платат граѓаните и со тоа ќе се намалеше тој страшен притисок кај нас матичните лекари, рече лекарката по општа медицина.

Според нејзините сознанија има и смртни случаи од Ковид-19 меѓу тетовските матични лекари.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Прв пат во декември повеќе починати во еден ден-пет смртни случаи поради Ковид-19

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.