• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Три тетовски села не дозволуваат изградба на хидроцентрала

Според мештаните инвеститорот се пожалил во полиција дека неможе да гради на Вратничка Река по што полицијата го контактирала градоначалникот, и побарала состанок со локалното население околу реката, за да се утврди состојбата.

04/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жителите на Вратница, Старо Село и Орашје остануваат на ставот дека нема да дозволат да се гради мала хидроцентрала на Вратничка Река, по средбата со инвестирот, претставници на општината Јегуновце и Министерството за внатрешни работи. Според мештаните инвеститорот се пожалил во полиција дека неможе да гради на Вратничка Река по што полицијата го контактирала градоначалникот, и побарала состанок со локалното население околу реката, за да се утврди состојбата.

-Жители од Вратница, Старо Село и Орашје истакнаа  дека населението кое живее околу реката е под голем притисок со проектите за мини хидроцентрали, и неможат нормално да живееат уште од летото 2013 година, изградбата е спротивна на законот за води, се нарушува правото на водоснабдување, вода за наводнување, имоти на жители, дека проектите за мали хидроцентрали се изработени се во канцеларија, а не на терен и дека институциите форсират  проекти за кои е секонстатирано дека немаат никаква основа за реализација, инфомираат од месната заедница Вратница.

Од месната заедница во известувањето до медиумите ги пренесуваат и ставовите на инвеститорот и на градоначалникот.

Инвеститорот истакнал дека треба да гради мини хидроцентрала на Вратничка Река и дека централата би се протегала од спојот на Љуботенска Река со Ливадичка Река (почеток на Вратничка Река) на север, па се’ до мостот во Вратница на југ. Градоначалник ги поддржува жителите на Вратница, Старо Село и Орашје во борбата за зачувување на Вратничка Река.Го разбира инвеститорот зошто сака да гради, бидејќи и тој самиот  е бизнисмен. Иако локалното население наведува 15-20 причини поради кои не треба да се гради на Вратничка Река, сепак градоначалникот кажува дека не е многу задоволен од одговорите / изнесените причини, навеедуваат во известувањето до медиумите од месната заедница на Вратница.

Според месната заедница можни се три исходи од целиот случај: локалното население да дозволи да се гради мини хидроцентрала, инвеститорот да се откаже од градење, или државните институции да констатираат дека нема услови за градба и да го обесштетат инвеститорот за досегашните инвестиции.

 

Тагови: врантицаорашјестаро селохидроцентрали

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

600 каратисти од седум земји на „Тетово опен 2019“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!