• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тројца приведени-за најдена дрога, осомничен за кражби и за издржување на затворска казна

27/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (26 мај) околу 21 часот и 35 минути, во близина на клучката за тетовско Камењане го лишиле од слобода 27-годишниот Н.М. од тетовски Пирок затоа што при негов и преглед на возилото „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал како совозач, а кое го управувал И.А.(26) од истото село, му била пронајдена марихуана, информира СВР Тетово.

Според полицијата Н.М. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „ неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

СВР Тетово информира и дека вчера (26 мај) околу 13 часот и 10 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот тетовец Б.А. поради сомнение дека кон крајот на минатата и оваа година извршил две тешки кражби и едно разбојништво во Тетово. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Вчера (26 мај) околу 13 часот и 10 минути, во тетовско Желино, полициски службеници на СВР Тетово со судска наредба го привеле 25-годишниот А.А. од тетовско Ларце за издржување на затворска казна, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, информира полицијата.

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Пензионерите од цела Македонија во Тетово се собраа на „Мултиетничка средба“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.