Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јули) околу 22 часот и 10 минути во тетовско Камењане лишиле од слобода 24-годишник од Тетово затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, му била пронајдна марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Ноќеска (12 јули) околу 1 часот и 50 минути, во тетовско Нераште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 28-годишник од ова село затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот.
Ноќеска (12 јули) околу 1 часот, полициски службеници на СВР Тетово, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, во присуство на негов родител, лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Се расчистува и документира случајот, информира денес СВР Тетово.