Тетовската полиција од вчера работи на откривање на сторители на кражба на еден милион и триста илјади денари кои се одземени насилно од банкомат на ТТК банка во Тетово. Вчера во 5 часот во СВР Тетово пријавена е кражба во банкарска филијала на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.
-Насилно било отворена влезната врата од објектот и од банкоматот биле одземени 4 каси со пари.Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се расчистува случајот, информираат од СВР Тетово.
За настанот соопштение до јавноста испрати и ТТК банка.
-ТТК Банка АД Скопје ја информира јавноста дека на 15.3.2021 година, веднаш по завршување на забраната за движење вон работното време на Банката, извршена е кражба на парични средства од банкомат лоциран во експозитурата АРМ во Тетово од непознат сторител. При кражбата одземени се околу 1,3 милион денари, соопштуваат од бнаката.
Од банката воедно информираат дека целиот имот и средства се претходно осигурени во функција на елиминирање на ризиците од ваков вид настани.
А.С