Тетовската полиција два часа по пријава за кражба на облека од трговски центар го нашла и привела осомничениот, во чие возило биле најдени и украдените работи. Сопственикот на продавницата кражбата ја пријавил во 17.15 часот, а веќе во 19.15 полицајци го привеле 48 годишникот од Долно Седларце.
-Вчера околу 19 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 48 годишник од тетовско Долно Седларце, кој од продажен објект во тетовски трговски центар во Тетово претходно извршил кражба на производи. Во неговото возило пронајдени и одземени му се украдените производи, а нешто подоцна тие му се вратени на нивниот сопственик, кој околу 17 часот и 15 минути ја пријавил кражбата на облеката, информираат од СВР Тетово.
Осомничениот е задржан е во полициската станица во Тетово и се расчистува и документира случајот, по што ќе следува поднесок.
А.С