Универзитетот во Тетово со одлука на Сенатот додели стипендии за студентите во првиот и вториот циклус. Тие се ослободени од плаќање на школарината.
-Годинава се доделени околу 100 стипендии на додипломски и постдипломски студенти кои ги исполнија потребните услови, како што е навремено завршување на обврските за студирање и со просечна оценка од најмалку 9,5. Студентите со овие стипендии всушност се ослободени од плаќање на семестарот, без оглед на износот на школарината, изјави раководителот на канцеларијата за образование Ибрахим Незири.
Од Универзитетот инфомираат дека доделувањето на сертификатите со решенијата за изземање од плаќање партиципација на студентите се одвивало без свечена церемонија како во претходните години, поради пандемијата.
А.С