Универзитетот во Тетово соопшти дека на најновата седница на Сенатот на Универзитетот се донесени одлуки за промени во раководството. Високообразовната институција од Тетово сега ќе има вршител на должноста ректор како и нов претседател на Сенатот.
-Со мнозинство гласови од присутните членови во Сенатот, согласно Законот за високо образование, Статутот на Универзитетот и други интерни акти за претседател на Сенатот е избран проф. Др. Куштрим Ахмети. На истата седница досегашниот проректор за настава проф. Др. Решат Ќахили е избран за в.д. ректор, информираат од канцеларијата за односи со јавноста при Универзитетот.
На седницата на Сенатот се разговарало и и за други точки од дневниот ред кои се однесуваат на продолжувањето на наставно-научниот процес, меѓународната соработка и општата дејност на Универзитетот во Тетово.
ас