• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Универзитет во Тетово : И покрај пандемијата имавме успешен наставен процес

11/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Универзитетот во Тетово оценува дека наставниот процес спроведен за време на пандемијата кај нив е успешен. Од таму соопштуваат дека и покрај околностите предизвикани од пандемија постојано се придржувале до препораките на Комисијата за заразни болести,  со цел да се одржи наставата.

-Досега, во сите академски единици успешно се реализирани 39.500 часови на предавање преку Интернет, во првиот и во вториот циклус, со 223.000 вклучувања на активни учесници (студенти) на сите часови во текот на пролетниот семестар. За потребите за изведување на практична работа и лабараториски вежби беа организирани часови и со физичко присуство. Беа преземени сите неопходни мерки, подготвувајќи конкретни упатства и обука за студенти и професори, во врска со спроведувањето на тестирање преку Интернет, соопштуваат од Универзитетот во Тетово.

За сите предмети е обезбедена интернет-платформата за испити, како и интензивна комуникација на студенти и професори на кои им била потребна техничка поддршка.

-И покрај скептицизмот за оценување преку Интернет кај нас, загриженоста од непознатото, оваа форма на тестирање стана ново искуство во согласност со другите престижни универзитети, а воедно создаде нови навики за работа, како и подигнување на повисоко професионално академско ниво. Универзитетот во Тетово високо ја цени посветеноста на студентите и професорите за успешна работа направена во текот на пандемиската состојба, потенцираат од тетовската високообразовна институција.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Следна објава

Нов покрив се поставува на ОУ Кирил Методиј во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!