• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Уништениот мурал на уметникот Павле Кузмановски наново насликан на платно и поставен во основно училиште

04/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Муралот „Образование“ на академскиот сликар Павле Кузмановски кој беше премачкан со бела боја при реконструкција на гимназијата е репродуциран летово од авторот како слика на платно и од вчера е поставена во основното училиште „Братство-Миѓени“-објект Спортски центар.  Муралот беше препознатлив белег на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ уште од 1966 година кога уметникот го направил сликајќи директно на еден од ѕидовите во зградата.

Откако медиумите објавија дека муралот е премачкан со бела боја уметникот добил покана од помошник директорот на основното училиште да направи нова слика.

-Во една брза, ефикасна и спонтана желба на повеќе луѓе во градот, училиштето Братство-Миѓени и помошник директорот Небојша Арсиќ се појави кај мене со желба дали има можност тоа дело да се обнови во неговото училиште затоа што имаат такви простори. Се разбира дека има тука имаше повеќе технички пречки, прво го видовме ѕидот дека е со стиропор и дека не би можело да биде од траен карактер па затоа се одлучивме на платно да биде тоа дело, објаснува уметникот.

Сликата е создавана во ателјето на уметникот изминатото лето. За авторот, инаку на 82 години ова беше голем предизвик повторно да успее да го создаде ова дело.

-Има димензии два со четири метри. Тоа дело захтеваше да биде спремано во моето ателје, ми требаше 40-тина работни дена. Се посветив цело ова лето и на среќа успеав да го вратам некако според фотографија од Зоран Андонов кој го снимил делото во 2008 година. Добрата снимка преку која одлично беше зачуван муралот и врз база на тоа се направи не на ѕид туку на платно.Тоа што беше работено на платно, а не ѕид беше уште поголем предзивик. Но си го чини своето тоа што, желбата и способноста да можам на овие мои години да го направам и го направив.  Предизвик беше и желбата да има нешто убаво и да краси одредено место, вели Кузмановски.

Тој го има создадено муралот во 1966 година како дипломец на Факултетот за применети уметности во Белград.  Со одобрение на тогашниот наставнички колектив доброволно го создал муралот како пробна работа за неговата идна дипломска работа која ја направил шест месеци подоцна.  

Уметникот Павле Кузмановски, роден 1939 година е еден од најпознатите македонски академски сликари.

ас

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Починаа четири луѓе во тетовската болница поради Ковид-19

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.