• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Утре почнува ски-сезоната на Попова Шапка

16/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Утре започнува скијачката сезона на ски – Центарот „Попова Шапка“, информираат денес од Друштвото за туризам ЕЛЕМ Турс, подружница Попова Шапка. Од 9 часот ќе почне работата на ски-лифтовите со што ќе се овозможи скијање по веќе подготвените патеки.

-Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата ски-сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. За утрешното скијање во функција ќе бидат ставени жичарниците „Св. Илија“ и „Церипашина“ и ски – лифтовите „Аеродром“ и „Ге“, информираат од Попова Шапка.

Утре користењето на ски-лифтовите ќе биде бесплатно. Новина е можноста за туристички разглед со снеготапкач (ратрак). Новиот шестосед нема да биде во функција.

Ланскиот сезонскиот ски – билет ќе важи и оваа скијачка сезона, а останатите билети остануваат со иста цена. Сите кои имаат лански сезонски ски – билети треба да отидат во хотел „Попова Шапка“во Ски – центарот „Попова Шапка“, за истите да бидат активирани и ставени во функција.

 А.С

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Заврши есенската полусезона во Првата фудбалска лига-тетовските екипи на прво и деветто место

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!