Во присуство на лидерот на партијата Христијан Мицкоски утре ќе се одржи промоција на кандидатите за советници на ВМРО ДПМНЕ за Општина Тетово. Промоцијата која ќе се одржи на градскиот плоштад е со почеток во 18 часот.
-Свое излагање на промоцијата ќе има претседателот Христијан Мицковски. Носител на листата со кандидати за советници е претседателот на општинскиот комитет Ангел Карапетров, информираат од ВМРО ДПМНЕ.
Лидерот Мицкоски ќе присуствува и на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Јегуновце Димитар Костадиноски и листа со советници во 17 часот, а во 19 часот во Брвеница на претставувањето на кандидатот за градоначалник Јовица Илиевски и листата со советници.