Тетовските ученици од средното стручно училиште „Моша Пијаде“ престојуваа во Португалија на стекнувањеи размена на нови знаења, вештини и образовни практики. Престојот беше дел од проектот Европски Компетенции спроведен од страна на Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово.
-Вкупно 25 ученици и седум наставници/придружни лица од пет средни училишта „Ѓорче Петров“,-Крива Паланка, „Моша Пијаде“-Тетово, „Наце Буѓони“- Куманово „Михајло Пупин“ и „Владо Тасевски“-Скопје од 20 септември до 5 октомври 2021 година во рамките на проектот Европски Компетенции учетвуваа во мобилноста спроведена од страна на Здружение ИРЗ Тетово.
Во текот на престојот, учениците од електро-машинска струка имаа можност да бидат вклучени во работата на соодветни компании во Повоа де Вразим од Португалија, и да се стекнат со знаења и вештини соодветно на струката. Исто така, учениците имаа можност да се запознаат со начинот на живот во Португалија, и нивната историја, традиција и култура, информираа денес од ИРЗ.
Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност во рамките на програмата Ерасмус плус.