• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Учениците од прво до трето одделение да одат на превентивни прегледи на забите

02/07/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Стоматолошка служба одделение за детска и превентивна стоматологија при Здравствен дом Тетово ги известува родителите на деца-ученици од прво до трето одделение дека е потребно да се извршат прегледи на забите во текот на распустот. Предвидените прегледи не беа извршени поради состојбата со коронавирусот.

-Поради вонредната ситуација со пандемијата на Ковид-19  во одделенијата за превентивна стоматологија не се реализираа планираните превентивни активности согласно акцискиот план за учебната 2019/2020 година. Станува збор за училишните деца од прво, второ и трето одделение, на кои е потребно да се направат превентивни прегледи и залевање на трајните заби. Се повикуваат родителите на тие деца, од основните училишта во општините Тетово, Брвеница, Боговиње, Теарце, Јегуновце и Желино, индивидуално да ги донесат своите деца во просториите на детска и превентивна стоматологија при ЈЗУ Здравствен дом-Тетово во текот на летниот распуст, известуваат од Службата.

Службата за детска и превентивна стоматологија може да се посети секој работен ден (понеделник – петок ) од 9 до 13  часот, а со себе треба да понесат здравствена книшка од детето.

 А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Двајца починати, 12 оздравени и 9 нови случаи од ковид-19

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!