• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Учествувајте во креирање на содржини на Википедија на македонски јазик и добивајте награди

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2022“ или само СИЕ Пролет 2022 — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“, Википедија на македонски јазик и сите заедници во Средна и Источна Европа, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на различни теми од сите држави во рамките на регионот Средна и Источна Европа (СИЕ).

12/04/2022
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2022“ или само СИЕ Пролет 2022 — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“, Википедија на македонски јазик и сите заедници во Средна и Источна Европа, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на различни теми од сите држави во рамките на регионот Средна и Источна Европа (СИЕ).

Натпреварот почнува на 1 април 2022 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 април 2022 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии кои се предложени во рамките на долунаведените списоци по земја од областа Средна и Источна Европа. Секоја од создадените или дополнетите статии означувајте ги со предлошката {{СИЕ Пролет 2022}} на страниците од разговор. Доколку имате некои прашања, поставете ги во разговорот на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува оценувачки одбор којшто ќе биде составен од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на оценувачкиот одбор ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на оценувачкиот одбор може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од зададената). На натпреварот не влегуваат статии напишани за Македонија од страна на македонските уредници, односно пријавените уредници треба да пишуваат за статии од предложените списоци по земја (зададени подолу). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаат прилика и значајно да дополнат постоечка статија (никулец), така што оценувачкиот одбор ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на оценувачкиот одбор, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: Граѓаните да платат данок на имот за да нема присилна наплата

29/01/2023
Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Приведена малолетничка која со остар предмет се обидела да ја нападне мајка си

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.