• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Уште денови ќе се работи на замената на цевководот во тетовскиот водоснабдителен систем

01/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Поради постојано лизгање на земјиштето уште денови ќе бидат потребни за да се заврши поставувањето на цевководот долг 60-тина метри во месноста Лешница со цел да се овозможи функционалност на новиот водоснабдителен систем, информираат од Јавното комунално претријатие „Тетово“.  Со тоа во Тетово ќе надмине период од една недела како жителите имаат отежнато водоснабдување и рестрикции.

-Иако во петокот и саботата беше завршено носењето на трите дела од вкупно 60 метри цевковод истиот не може да се користи поради лизгање на земјиштето и со тоа на цевките.  Местото е калливо и ја отежнува работата со багери. Треба да направиме нова и подобра основа за поставување на цевката долга 60 метри и да се спои со водоснабдителниот систем. Работите ќе мора да траат уште неколку денови, информира Љуљзим Шаќири раководител на работната единица „Водовод и канализација“ при ЈКП Тетово.

И понатаму ќе останат на сила рестрикциите во водоснабдувањето поради недоволните 200 литри од стариот систем и бунарите. Водоснабдувањето е во прекин од полноќ до 5 часот, потоа од 8:30 до 11 часот и од 15 до 18 часот.

Минатиот вторник беше евидентиран проблемот откако 60 метри цевковод од  новиот водоснабдителен систем беше уништен од свлечиште на земја поради што Тетово остана без 150 литри вода во секунда.  

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Се палат огнови по нивите, полицијата и пожарната апелираат да не се прави тоа поради опасност од поголеми пожари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.