• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

УЈИЕ бележи академска година со раст на упис на нова генерација студенти

24/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Академската година со раст на бројот на студенти покрај сите други опаѓачки тенденции е оценката на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и ректорот Абдулменаф Беџети за изминатата 2020 година и високото образование во нивната установа.

-Бележиме година со раст на упис на нова генерација студенти покрај сите опаѓачки тенденции. Не знам дали има друг универзитет може да каже дека има раст или иста бројка. Факт е дека растот е 2-3 отсто, но успеавме да запишеме 1015 студенти.  При тоа одбивме 97 кандидати за докторски студии поради немање толкав капацитет, а со нив растот ќе беше поголем за 10 осто, истакна ректорот кој заедно со ректорската управа организираа брифинг за новинарите.

Околу справувањето со Ковид-19, Беџети потенцираше дека почетокот на годината беше на 21 септември две недели порано од законски предвидениот рок 1 октомври.

-Оваа е последна 14-та недела на завршување на предавањата на комбиниран начин. Првите 8 недели со 80 отсто физичко присуство затоа што имаме доволно капацитети во училници каде може со држење дистанца да бидат присустни студентите без да се загрозува здравјето на наставниците и студентите. Од 130 наставници само двајца биле инфицирани со Ковид-19 во тој период затоа што се приджувале стриктно до протоколи, рече Беџети.

Научната продуктивност поради пандемијата била намалена за 25 отсто.

-Учеството на конференции е пониско како активност затоа што дел од таквите конференции не беа реализинирани, или беа одложени или не беа во можност да се реализираат ефективно, без физичко присуство. Во делот на научни проекти имаме огромен напредок, финансирани од меѓународни извори се 15 проекти со големи износи, вели Беџети.

Од септември УЈИЕ има нов борд, а оваа управувачка структура ја раководи како претседател Клаус Тотреман. Изработена е нова стартегија за работа 2021 -2025 со одредени приоритети.

А.С

 

 

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

СВР Тетово со апел да не се организираат борби со кучиња

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.