• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

УЈИЕ отвори форензичка лабораторија за практична настава за студентите на Криминалистика и безбедност

20/05/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес беше отворена форензичка лабораторија каде практична работа ќе изведуваат студентите од насоката Криминалистика и безбедност. Ова е втора лабораторија на Правниот факултет, каде веќе има Правна клиника.

-Целта на оваа лабораторија е согласно обврската и според системот и законот за високо  образование, ние да понудиме што е можно повеќе практична настава на нашите студенти.  Ова е втора лабортаорија на овој факултет каде што ќе се упатуваат студентите на практична примена на тоа што го имаат учено во теоријата.  Експертите кои ќе предаваат лабораторијата доаѓаат од Министерството за внатрешни работи кои ќе ги упатуваат студентите во практичка примена за она што го пишува во книгите, изјави ректорот Абдулменаф Беџети.

Муазам Халили е еден од претставниците на МВР кој ќе им предава на студентите во лаборатотија во рамки на предметот криминалистичка тактика и техника.

-Студенти ќе имаат можност своите теоретски знаења да ги применуваат практично. Сметаме дека тоа ќе биде интересно за студентите со оглед дека криминалистиката без практичен дел тешко се усвојува.  Јас сметам дека освен студенти од криминалистика треба да бидат инволвирани и оние од правен факултет.Тоа е неопходно затоа што со закон за кривична посатпака јавен обвинител е тој што раководи со истражната постапка и логички е тој да ги има сите тие познавања од областа на форензиката, за да утре биде поспремен за оваа работа, изјави професорот Муазам Халили.

Опремувањето на лабораторијата е со средства на УЈИЕ во висина од околу десет илјади евра. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Околу 10 пријави месечно за најдени неексплодирани направи, денес во Тетово се делеа информативни брошури за заштита на населението од неексплодирани убојни средства

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!