Со мотото „Боја како музика и музика како боја“, Факултетот за уметности на Универзитетот во Тетово организираше за прв пат настан од овој формат, на кој сликарите преку боите сликаа звуци од музиката што ја слушаа додека твореа.
Сликаа уметниците Лулзиме Лека – Мулаку, Невзат Бејтули – Кица и Нехат Беќири, додека музички настапи имаа Теута Алими – Селмани (пијано), Абаз Јахјаи, Ајден Јахјаи и Кораб Хајдари.
Координаторката на овој настан, професорката Јелдез Асани, истакна дека оваа форма на организација е посебна затоа што сликарите треба создадат синтеза на музика со сликарството.
-Всушност, прашањето ќе биде дали сликарите можат да сликаат што ќе слушнат и дали музичкиот тон влијае на изборот на бои што ќе ги користат овие уметници, така што овој одговор ќе им го оставиме на уметниците, изјави Јелдез Асани професорка на Факултетот за уметност при Универзитетот во Тетово.