Фаница Николовска кандидат за пратеник на СДСМ од Тетово на трибината на коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Движење Беса во Тетово истакна дека граѓанските собири од овој тип се организирани според сите безбедносни протоколи утврдени од коалицијата за водење на 100% безбедна кампања по здравјето на луѓето.
-Ja вративме слободата. Граѓанскиот сектор го респектираме како наш коректор, но и партнер во креирањето на политиките. Градиме општество во кое има место за сите, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци. Општество во кое не се важни етничката или верската припадност, туку правата на поединецот. Затоа презедовме крупни непходни чекори, ги обновивме односите со партнерите и решивме тешки прашања. Станавме земја членка на НАТО и ја осигуравме безбедноста на држават и ги отпочнуваме преговорите со ЕУ. Достигнавме раст на БДП од 3.6%. Изградивме 500км патишта, ги зголемивме просечната и минималната плата.Најголемата реформа ја направивме во ресорот труд и социјална политика. Го зголемивме опфатот на лица кои примаат социјална помош, ги зголемивме и надоместоците по овој основ, воведовме детски образовен додаток, социјална пензија. Покажавме дека знаеме и умееме, можеме уште повеќе и уште подобро“, порача Фаница Николовска, носителка на кандидатска листа на пратеници во ИЕ6.