• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Физичките напади најчеста форма на нарушување на јавниот ред и мир, 52 за три месеци во тетовскиот регион

27/04/2021
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во првите три месеци од 2021 година физичките напади се најчестите примери за нарушувања на јавниот ред и мир во тетовскиот регион, бележи евиденцијата на тетовската полиција, кадe и во текот на вчерашниот дел се бележат две такви пријави.

Половина час по полноќ, Х.З.(21) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека дваесетина минути пред тоа пред неговиот дом на улица „Благоја Тоска“ во Тетово бил физички нападнат од две лица. Претходно околу  20 часот и 10 минути, В.С.(32) од Тетово пријавил дека еден час пред тоа пред зградата во која живеел на улица „180“ во Тетово бил физички нападнат од две лица, од кои едното го познавал.

-Во првото тримесечие од оваа година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово регистрирани се вкупно 52 нарушувања на јавниот ред и мир или четири проценти помалку во споредба со истиот период на минатата година. Ннајбројни-25 се физичките напади, пет тепачки, а регистрирани се и 12 случаи на карање, дрско и непристојно однесување како и три случаи на агресивно однесување кон службено лице, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Најголемиот број од нарушувањата, односно прекршоците се целосно расчистени и заокружени со 67 барања за поведување на прекршочна постапка  против 87 сторители.

-Во овој период не се пријавени прекршоци во училишта, а евидентирано е само еден случај на спортски натпревари. Најчесто место на случување и во периодот за кој станува збор се улицата и угостителските објекти во град, а биле извршени со поединечно учество на сторителите, најчесто од машки лица, додека само во 7 случаи биле инволвирани жени, објаснува порпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

А.С

 

 

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Изборот на Вешта жена на републичко ниво неделава со гласање преку Фејсбук

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!