Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово денес ги повика фудбалерите на прв собир и почеток на подготовките за наредната сезона. Попладнево по прозивката се одржа и првиот тренинг во Тетово.
-Според веќе утврдениот план, првата фаза од подготовките ќе се реализира во Тетово, а главниот сегмент од подготовките ќе се одвива во Охрид, информираа од управата на ФК Тетекс.
Денес беа претставени и новите фудбалери кои ќе ги бранат боите на ФК Тетекс.
-На клубот му пристапија Александар Поповски од Пелистер, Гордијан Христовски и Давид Спасевски од ФК Кадино, Андреј Јаневски од Кожуф,Арменд Адеми и Дамјан Масевски од Работнички Скопје, Риланд Ајдини од Шкупи и Астрит Амзаи од Шкендија, информираат од ФК Тетекс.
Екипата продолжува да ја предводи Славчо Георгиевски како шеф на стучниот штаб. Исто така продолжуваат со работа во клубот неговиот помошник Дејан Цветковски Коста Богоевски (кондициски тренер), Миле Спировски (тренер на голмани) и Ивица Пејовски (физиотерапевт).
Во насока на самофинансирање на клубот наскоро треба да започне онлајн фан-шоп каде навивачите ќе можат да го помогнат Тетекс со тоа што ќе купат дресови и сезонски карти.
А.С