Фудбалерите на Тетекс го совладаа Вардар од Форино со 3-1 во последниот натпревар од есенската полусезона во Втората Македонска фудбалска лига запад. Стрелци на головите беа Мирослав Јовановски во 9-та минута, Лазар Пеев во 20-та минута и Никола Димовски во 66-та минута. Единствениот гол на гостите беше на Таири во 66 минута.
Тетекс освои 13 бодови и се пласираше на осмото место. Денешната е втора победа по ред на тетовските фудбалери од вкупно 4-те добиени натпревари. Во вкупно 16 натпревари имаше и еден нерешен дуел и 11 изгубени дуели. Во полусезоната победите беа над Дрита, Кадино и Вардар Форино на домашен терен и против Влазрими во Кичево. Дадени се 13, а примени 26 голови. Со пласманот на осмо место од вкупно 10 екипи избегната ое пасната зона на последните две места за испаѓање.
На денешниот натпревар на градскиот стадион во Тетово, Тетекс играше со нови дресови, а за одбележување е настапот на 18 годишниот Виктор Јовановски од младинскиот состав кој влезе во игра во 81 минута на местото на стрелецот Пеев.
Првенството продолжува на 27 февруари 2021 година со дуел против Кадино.
А.С