• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Фондот за иновации и технолошки развој со нови грантови во насока на задржување на младите во Македонија

Обезбедни се средства во висина од 1,5 милион евра во соработка со Светската банка.

25/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес беше промовиран новиот јавен повик за ко-финансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ – СтартАПувај2”, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Обезбедни се средства во висина од 1,5 милион евра во соработка со Светската банка.

-Денес во УЈИЕ го почнуваме новиот јавен повик на Фондот за иновации и техонолошки развој наменет за старт ап компании пред се за младите. Износот на повикот е 1,5 милион евра кои ги вметнавме со измените во програмата пред два месеци благодарение пред се на интересот што го добивме од страна на млади луѓе кои се јавуваа и прашуваа. Така што ова е одговор на тој интерес. Мене ми е драго што имавме доста млади луѓе кои што дојдоа и поставуваа прашања и пројкавија интерес за аплицирање на јавниот повик, изјави Јован Деспотовски на ФИТР.

Првиот човек на Фондот потенцира дека младите се повеќе сакаат да основаат свои фирми во родната земја. И новиот повик е резултат на заинтересираноста за добивање грантови и поддршка.

-Целта на јавниот повик е да поттикнеме што е можно млади луѓе да формираат свој бизнис, тоа значи да останат во нашата држава, да го развијат тој бизнис и секако да дадат додадена вредност. Она што го кажавме како порака денес-ги охрабруваме да преземат ризик. Бидејќи во овој случај државата ги поддржува со до 85 проценти од инвестицијата што треба да го направат. Така да ризикот го презема државата за овие млади луѓе. Целта е да се поттикнат што е можно поголем од нив да размислуваат не за заминување туку за останување во државата. Не за работа во јавниот сектор туку за почнување на сопствен бизнис, рече Деспотовски.

Во изминатата година и пол финансираани се над 100 стартап компании со 2,5 милиони евра.

А.С

Тагови: грантовифитр

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Награди за тетовци во изборот на Фудбалската федерација на Македонија за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2018/2019

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.