• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Форумски сесии-како да се искористат 50 илјади швајцарски франци

Општина Тетово денес ја организираше првата форумска сесија во рамки на „Проектниот форум“ активност во која се вклучуваат граѓаните со цел, заеднички со локалната самоуправа да одлучат кои инфраструктурни проекти да се финансираат со 50 илјади швајцарски франци, грант од Швајцарска агенција за развој и соработка.

04/03/2020
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово денес ја организираше првата форумска сесија во рамки на „Проектниот форум“ активност во која се вклучуваат граѓаните со цел, заеднички со локалната самоуправа да одлучат кои инфраструктурни проекти да се финансираат со 50 илјади швајцарски франци, грант од Швајцарска агенција за развој и соработка.  Предвидени се пет вакви средби.

-Целта на проектниот форум е поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата и донесувањето на одлуки на локално ниво. Во текот на следните сесии од предложените решенија ќе се развиваат проекти од кои учесниците ќе ги изберат најприоритетните да аплицираат за реализација во рамки на проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка, изјави Беким Мемети, претседател на Советот на општина Тетово.

Наредната сесија ќе биде на 13 март, додека останатите три по изборите.  Оваа методологија на одлучување веќе една деценија се користи во проектите кои се помогнати од Швајцарската влада и имплементирани од Програмата за развој при Организацијата на Обединетите Нации (УНДП)

– Проекти кои се изведуваат моменто во шест општини се со главна тема социјална инклузија на на најранливи категории граѓаните. Тоа подразбира реконструкција на градинки, младински центри, ИКТ лаборатори, адаптација на училишта за деца со посебни потреби, пристапни рампи и слично, изјави Лејла Небиу, претставник на УНДП.

Проектниот форум се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка,  а спроведуван од УНДП и Општина Тетово.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Во февруари 1752 различни видови сообраќајни прекршоци во Тетовско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!