Со црковно народни собири денес патроните празници ги одбележаа црквите во тетовските села Туденце и Варвара кои го носат името на Преподобна маченичка Параскева – Света Петка. Во двете цркви беа отслужени празнични богослужби, верниците палеа свеќи за здравје, а беа прережани и славските лебови со што се одредија кумовите на прославите за наредната година.
-Традицијата во овој сакрален објект кој датира уште од 1904 на овој празник да се збира православниот свет од тетовско, според кажувањата на постарите трае од дамнина. Како што доликува на секој црковно народен собир така и годинава има братско сестринската трпеза на љубовта, кои за верниците ја приредија црквата, населението во соработка со годинешните кумови и спонзорите, изјавија од црковниот одбор при црквата Света Петка во Туденце.
Во селото Варвара кое е претежно иселено, празникот е можност своите родни куќи да ги посетат голем верници кои потекнуваат од таму. Во црквата беше извршен и водосвет за здравје на верниците, а во дворот се организира празничен ручек од кумовите.