Центарот за француски јазик Француска Алијанса во Тетово организира конкурс за пишување писмо на француски јазик по повод меѓународниот ден на професорите по француски јазик 25 ноември. Ова е трета година по ред како се организира овој конкурс, а овој пат е наменет за наставници и професори по француски јазик.
-Темата е „Раскажете му на еден француски колега начинот (вистински или измислен) на кој вие сте ја доживела ковид кризата во улога на учител“. Писмата ќе ги оцени жири комисија на Француска алијанса, а ќе бидат доделени две парични награди. Тие ќе бидат доделени на посебна вечер на 25 ноември во просториите на Француска алијанса во Тетово, информираат од центарот.
Писмата може да се испраќаат во пдф формат на електронската адреса aftetovo@gmail.com. Организаторите ќе доделат награди од 100 и 50 евра.
ас